Ова е наједноставниот знак по кој може да заклучите дека сте во среќна врска

21 март, 20190
par

Меѓусебното почитување, разбирање, поддршка, подготвеност за компромис се некои од факторите кои ја прават среќна љубовната врска. А новото истражување покажа дека постои уште една индикација дека сте во среќна врска.

Луѓето во сериозна врска се навикнати да споделуваат сè – или речиси сè. Додека повеќето парови немаат проблеми со делење на храната, бањата и сметките, за споделувањето на интимните мисли, се многу повеќе ограничени. Но, една нова студија објавена во списанието „ The Journal of Sex Research“, дојде до заклучок дека можноста да разговарате со вашиот партнер искрено апсолутно за сè, зборува многу за квалитетот на врската.

Во студијата учествувале парови кои се во врска во просек две и пол години. Испитаниците одговарале на прашањата колку добра комуникација имаат со партнерот, колку се задоволни со својот сексуален живот, колку разговараат со партнерот за секс, за што се разговараат со партнерот и дали се подготвени разговараат за помалку пријатни теми.

Истражувањето докажа дека паровите кои одговориле дека со партнерот ги откриваат и своите најинтимни мисли биле најсреќни во врските, најзадоволни со својот сексуален живот и сметаат дека имаат силна поврзаност со партнерот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *