Овие 20 комбинации ќе ве натераат во вашиот гардеровер да внесете доза рамантика
Додека седиме дома и чекаме да помине уште една врнежлива недела, пролетните комбинации на нашите омилени трендсетерки изгледаат уште попривлечно, а посебен впечаток ни оставија романтичните комбинации во бели и пастелни бои. Не е никаква тајна дека скандинавските трендсетерки веќе неколку сезнони вешто носат пастелни бои и романтични фустани, а забележавме дека сега ги носат баш сите.
Особено популарни се нежните тонови со валкано бели, жолти, сини и корални бои кои изгледаат неодоливо во комбинација со материјали како што се сатен и свила, а тука се и предимензионалните мини-фустани кои изгледаат пособено добро во овие бои.
Во продолжение избравме 20 совршени комбинации кои ќе ве инспирираат и вие да одберете нежни романтични парчиња за специјални пролетни прилики.