Париски шик: Kако беа облечени ѕвездите на ревијата на Dior?
1 март, 20190
Oд Jennifer Lawrence до Care Delevingne
На речиси пролетен сончев ден во Париз, ѕвездите се собраа за да присуствуваат на ревијата на Dior за сезоната есен / зима 2019. Прекрасните комбинации го надополнија впечатокот на гламурозниот настан кој ги остави присутните без здив. Кара Деленгн се појави во нежно розев фустан, додека актерката Џенифер Лоренс одбра поформален сив фустан. Моделот Карли Клос оваа прилика ја искористи за да ја промовира организацијата „Sisterhood Global“ која се бори за взаемно почитување и емпатија меѓу жените. А кои комбинации на останатите ѕвезди привлекоа внимание, откријте во галеријата.