Пит Д ејвидсон стана манекен

Добро му оди…
Пит Дејвидсон, се навикнавме да го гледаме на папараци фотографиите со неговата поранешна девојка (Ариана Гранде) или како настапува во шоуто Saturday Night Live, но сега Пит има сосема нова улога : манекен.
Токму така – и ние помисливме на истото: ова не е нешто што би го очекувале од еден дечко кој за себе вели дека е “ugly hot”, или кој е всушност актер / комичар. Пит, имено прв пат настапи како модел на ревијата за Alexander Wang Collection1 2020 во Њујорк. Пит изгледаше кул во обична бела маица (која “случајно” ги откри многуте тетоважи што ги има) и двобојни панталони. Се чини дека Пит својата задача ја сфатил многу сериозно, а оние што биле на ревијата велат дека публиката извикала во моментот кога го виделе на пистата.