Откако стана дел од кралското семејство, Меган Маркл се соочи со бројни предизвици. Војвотката од Сасекс пред неколку дена си ја отвори душата и зборуваше јавно за тоа колку е тешко за неа да се справи со сите потешкотии во кралскиот живот. Многумина не сочувствуваа со неа, а меѓу нив очекувано се најде и нејзината сестра Саманта Маркл.
„Додека зборуваше за тоа како никој не ја прашал како се чувствува, си помислев колку е контрадикторна. Дали ти го праша нашиот татко како е откако доживеа два срцеви удари, рече 54-годишната Саманта за „Inside Edition“ и додаде дека нејзината сестра нема право да се жали.
– Таа знаеше што ја чека и во што влегува. Го доби она што го сакаше, а сега нека се справи со последиците. Мислам дека е апсурдно да се жали некој кој троши милиони на приватни летови. Како некој што има милиони воопшто смее да се пожали – се прашуваше Саманта.