После тајната венчавка, пристигнуваат нови среќни вести

22 август, 20190
kk

На американскиот филмски актер и професионален борач, 47-годишниот Dwayne ‘The Rock’ Johnson, изминатата недела сигурно ќе остане му остане во добро сеќавање. Откако конечно се омажи за својата долгогодишна партнерка Lauren, добрите вести го продолжуваат своето патување кон популарниот актер.

Дека тој е богат со секоја смисла на зборот, во приватниот живот со неговата убава сопруга и децата, и неговата актерска кариера го докажува тоа. Предходната година тој беше на второто место на листата за најплатен актер, а сега успеа да скокне на врвот. Поточно, според „Форбс“, „The Rock“ е најплатениот актер во 2019. година. Интересно е тоа што тој ова успеа да го постигне и покрај тоа што неговата заработка за оваа година од 89.4 милиони американски долари, е пониска од претходната година, кога заработи неверојатни 108 милиони американски долари. Во последните 12 месеци, Dwayne оствари огромна добивка од неговите филмови „Jumanji“, како и од неговото ТВ-шоу „Ballers“, кое, наводно, му носи 633.000 долари по епизода.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi