Познатиот Versace фустан 25 години подоцна: Еlizabeth Hurley го оживеа славниот момент од црвениот тепих

popara26 март, 20192min00
versace

Поминаа 25 години откако Еlizabeth Hurley се појави на лондонската премиера, на сега веќе култната романтична комедија „Four Weddings аnd а Funeral“, рака под рака со тогашниот свршеник Hugh Grant.

View this post on Instagram

Hugh Grant and Elizabeth Hurley 🍒💫

A post shared by Kaos (@endless_kaos) on

Харли, којa беше продуцент на филмот, го украде шоуто на црвениот тепих во провокативен црн Versace фустан со златни токи.

https://www.instagram.com/p/Bu8mnwTF41m/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_locale_test

Една четвртина век подоцна, за оваа креација сѐ уште се зборува, поради што англиската актерка неодамна се фотографираше за британското издание на списанието „Harper’s Bazaar“ во сличен фустан.

Во разговор за престижното списание, Лиз откри дека во 1994. година, таа никогаш не сонувала за тоа колкава популарност ќе и донесе фустанот на Versacе, ниту какво влијание ќе има врз модната индустрија.

Актерката, која дотогаш беше релативно позната, го привлече вниманието на светската јавност и нејзината актерска кариера почна да се искачува во нагорна линија.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag