Се оперираше за да личи што повеќе на неа, сега таа застана во негова одбрана: Diana Ross го кажа својот став за обвиненијата на сметка на Michael Jackson

26 март, 20190
mmmm

Легендарната пејачка не дозволува да се валка ликот и делото на нејзиниот некогашен обожавател.

Дивата soul и R’n’b музичарка, Дајанa Рос, беше блиска до кралот Мајкл Џексон уште откако тој беше дете.

Пејачот, од неговата четиринаесет години постара колешка беше фасциниран, до тој степен, што за неговите први естетски промени се одлучи само за да изгледа повеќе како неа. Сега Дијана одлучи да направи нешто за него.

Таа ги замоли сите оние кои, поради наводните тврдења изнесени во документарецот „Leaving Neverland“, повторно го осудуваат и обвинуваат Џексон за сексуално злоупоставување на најмалку две момчиња, што во голема мера се одразува на неговото семејство – да престанат со тоа „во име на љубовта”.

– Ќе ви кажам што ми лежи на срце од утрово. Верувам дека Мајкл Џексон беше и останува неверојатен уметник, и за мене и за повеќето други луѓе. Стоп, во име на љубовта “, рече легендарната пејачка на Твитер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi