Ако сте љубител на авокадо, а останавте без идеја на кои се начини да го подготвите, ние ви ја претставуваме прекрасната салата која е истовремено многу здрава, вкусна и полна со здрави калории.
Состојки:
- 150гр. крем-сирење за мачкање
- 120гр. ситно сирење
- 3 лажици јогурт
- лажица мајонез
- тегла печени пиперки
- 2 авокада
- 40гр. ореви
- сол
Подготовка:
• Измешајте ги крем-сирењето, ситното сирење, јогуртот и мајонезот.
• Ситно исецкајте ги пиперките и авокадото и додадете ги во млечната мешавина. На крај додадете ги оревите и сол по вкус.