Прв Оскар без домаќин: Jennifer Lopez, Charlize Theron и Daniel Craig меѓу водителите на доделувањето на престижните награди

6 февруари, 20190
j lo

Американската академија за филмска уметност и науки денес објави листа од 13 актери и познати личности кои ќе бидат водители на 91-та церемонија на доделувањето на Оскар на 24. февруари во Dolby Theater во Лос Анџелес, меѓу кои се и Tina Fey, Whoopi Goldberg и Brie Larson.

На списокот се наоѓаат Daniel Craig, Jennifer Lopez, Kris Evans , Charlize Theron, Tessa Thompson и Maya Rudolph, објави агенцијата АP. Оскарите за прв пат оваа година ќе се одржат без домаќини од 1989. година.

Американскиот комичар Kevin Hart се откажа од таа улога поради реакциите за неговите стари хомофобични пораки на Twitter. Последните две години церемонијата ја водеше комичарот Jimmy Kimmel.

Овогодинешни фаворити се филмовите „Romа“ на мексиканскиот режисер Alfonso Cuarón и „The Favourite“ на грчкиот режисер Yorgos Lanthimos, кој освои десет номинации за престижниот Оскар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber