
Необичен тренд кој многумина не се осмелуваат да го испробаат
Пред неколку години се појави невообичаен тренд на ПВЦ чевли околу кои имаше поделени мислења, а минатата пролет на ред дојдоа PVC ташните кои ги гледавме насекаде, а сега изгледа како сè да е во знакот на PVC! Од балонери, фустани и здолништа до чевли и чанти, трендсетерките апсолутно го обожаваат овој необичен материјал, дури и во зимските месеци.
Иако се чини дека е наједноставниот материјал за комбинирање, всушност е многу едноставно да се направи добра комбинација на облека, бидејќи одлично функционира со базични парчиња, така што со најобична бела кошула и фармерки за момент ќе сте на повисоко ниво со ПВЦ балонер или високи чизми.
Во продолжение ви откриваме на кои начини ги комбинираат трендсетерките.