Се издвојува од останатите млади луѓе: Еmma Watson искрено зборува зошто не користи социјални мрежи

11 април, 20190
ema

Ема Ватсон е една од јавните личности кои не се плашат да го изразат своето мислење кога се важни теми во прашање. Таа често ги користи социјалните мрежи за таква намена, но затоа никогаш не сме виделе да објави приватна фотографија. Таа во нејзиното последно интервју откри и зошто.

Имено, ѕвездата на филмот „Beauty and the Beast“ вели дека сака да го задржи приватниот живот подалеку од социјалните мрежи, бидејќи тие се: „депресивни и ужасни, исто колку што се возбудливи”.

„Знам точно што е јавно и што е приватно, а тоа ми помогна да останам прибрана. Бидејќи да им дадев на луѓето моќ да коментираат за апсолутно секој аспект од мојот живот, дефинитивно ќе ме уништеше како човечко суштество“, вели оваа млада актерка.

Ние целосно разбираме зошто таа сака да се држи настрана од социјалните мрежи, но сигурни сме дека нејзините обожаватели понекогаш би сакале да видат по некоја фотографија од нејзиниот приватен живот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *