Легендарната пејачка не дозволува да се валка ликот и делото на нејзиниот некогашен обожавател.
Дивата soul и R’n’b музичарка, Дајанa Рос, беше блиска до кралот Мајкл Џексон уште откако тој беше дете.
Пејачот, од неговата четиринаесет години постара колешка беше фасциниран, до тој степен, што за неговите први естетски промени се одлучи само за да изгледа повеќе како неа. Сега Дијана одлучи да направи нешто за него.
Таа ги замоли сите оние кои, поради наводните тврдења изнесени во документарецот „Leaving Neverland“, повторно го осудуваат и обвинуваат Џексон за сексуално злоупоставување на најмалку две момчиња, што во голема мера се одразува на неговото семејство – да престанат со тоа „во име на љубовта”.
– Ќе ви кажам што ми лежи на срце од утрово. Верувам дека Мајкл Џексон беше и останува неверојатен уметник, и за мене и за повеќето други луѓе. Стоп, во име на љубовта “, рече легендарната пејачка на Твитер.