Луѓето обожаваат да се фотографираат со животни, но не обрнуваат внимание на фактот дека животните не се секогаш расположени за фотографирање во слатко издание.
Ова на своја кожа го почуствува една девојка која сакаше совршено селфи со козата, но козата сепак имала други планови. Додека таа позираше за фотографијата, козата неколку пати се обиде да и се приближи. Во ова ја спречуваше јажето со кое се беше врзана, но во еден момент невнимателната девојка се чини дека и се доближи еден чекор повеќе, а козата со целата сила ја удри во главата, а девојката падна на подот.