Се разведуваат три години: Бред Пит и постави услов на Анџелина Џоли
Поминаа речиси три години откако актерката Анџелина Џоли поднесе барање за развод од Бред Пит, а се чини дека би можело да помине уште толку време додека да заврши агонијата околу разводот.
Бред и неговиот правен тим преземаат нови чекори за Анџелина да ги потпише документите за развод откако го одложуваше процесот.
Холивудскиот актер побара од неговите адвокати да побараат помош од судијата за да го одреди крајниот датум, односно рок за развод и парична казна, доколку Анџелина не се придржува на датумот кој ќе го одреди судијата.
– Тој беше неверојатно трпелив за време на целиот процес на развод, и покрај тоа што повеќе пати беше доведен до лудило. Тој е болен и уморен од Анџелина, која го одложува нивниот развод. За Анџелина ова стана речиси како игра – тврди извор близок до актерот, вели klix.