Со насмевка на лицето на суд поради злоставување!

8 јануари, 20190
kevin

Познатиот актер тврди дека тој не го допирал момчето, а откако замоли судот да го одобри неговото отсуство на судењето, сепак на крајот дојде во закажаното време.

Оскаровецот Кевин Спејси во понеделникот требаше да се појави на суд, каде што против него се води процес за напад на осумнаесетгодишно момче.

Спејси (59) е обвинет пред судот во Нантакет поради допирање на келнер (18) во бар на тој остров и преку неговите адвокати се изјасни дека не е виновен, објави „SNN“.

Актерот побара од судот да му дозволи да не присуствува на почетокот на процесот, бидејќи тој живее во друга држава и верува дека неговото присуство „негативно ќе влијае на публицитетот кој случајот секако веќе го доби во медиумите”.

Сепак, судијата не му дозволи на актерот да отсуствува, па камерите го забележаа доаѓањето на Кевин Спејси во судот.

Спејси делуваше расположено и се насмевна пред камерите.

Инцидентот се случи во бар во Нантакет во јули 2016. година, а младиот човек пријави во полиција дека Спејси го допирал по нозете и му ја вовлекол раката во панталоните.

Американските медиуми објавија дека околностите на случајот се збунувачки, бидејќи е утврдено дека неименуваниот млад човек најпрво го убедувал Спејси дека има 23 години, а потоа, наместо да се брани кога актерот го нападнал, тој го земал мобилниот телефон и го снимал „допирањето“, а потоа го пријавил во полиција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *