Jessica Alba, со стручниот тим на соработници на нејзиниот бренд Honest Beauty, ги редизајнираше течните кармини.
Од нив се отфрлени вештачките состојки, а збогатени се со хијалуронска киселина и природни масла.
И понатаму се сушат брзо, само што сега не ги сушат усните, на кои остануваат со часови. Актерката исто така ги користи и како руменило.