Тејлор Свифт почна да објавува чудни фотографии на Instagram
Некои мислат дека тоа е најава за TS7.
Можеби никогаш нема да дознаат што треба да направат за да добијат покана за на забава кај Тејлор Свифт, но она што обожавателите го знаат за сигурно е кога Свифт ќе почне да најавува нов албум. Или барем мислат дека знаат. Заборавете сè што до сега сте знаеле за теориите на заговор, бидејќи Swifties (ако не знаевте, тоа е официјалното име за љубителите на Тејлор Свифт) имаат ултимативна теорија за тоа што се случува на нејзиниот Instagram.
Имено, оваа недела, Тејлор објави неколку фотографии на кои има палми, поточно седум палми, а нејзините фанови веднаш почнаа да хистеризираат за тоа како Тејлор го подготвува својот нов, седми албум. Откако ја објави фотографијата со палми, Тејлор објави уште две фотографии, а според мислењето на еден обожавател, станува збор за одбројување до новиот албум.
Минатата недела, таа објави уште една фотографија, на која седи скали т.е на шестата скала, а во понеделникот објави selfie низ ограда со пет дупки.
И, што мислите за овие Swifties теории ? Ние велиме: сè е можно!