Новиот луксузен бренд на Ријана

28 февруари, 20190
riri 0

Како ќе се вика новата фирма на Ријана?

 За новата модна соработка на Rihannа со францускиот концерн Moët Hennessy – Louis Vuitton зборува целиот моден свет. Создавањето на луксузен моден бренд со Ријана ќе значи дека фирмата LVMH за прв пат  ќе лансира моден бренд од 1987. година, од кога е основана марката Christian Lacroix.

 За фирмата се вели дека вклучува машка и женска облека, кожна галантерија, модни додатоци и детска облека. Можеби уште повеќе е изненадувачки дека брендот исто така ќе произведува технолошки производи, канцелариски материјали, домашен декор и градинарска галантерија.

Business of Fashion објави дека лансирањето на брендот наречен Project Loud France, е референца за долгоочекуваниот петти студиски албум на Ријана, Loud. Сепак, ова во никој случај не е финалното име.

Датумот на лансирањето сè уште не е објавен, иако се шпекулира дека проектот е многу поблиску до завршувањето отколку што првично се мислеше.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber