Тина Кунаки и Венсан Касел на прекрасен начин потврдија дека чекаат бебе
Тина Кунаки (21) и Венсан Касел (52), 2019. година ја дочекаа во Бразил, поточно во сојузната држава Баија, а убавата сопруга на актерот, на Instagram објави новогодишна честитка во форма на провокативна слика од плажата на која е целосно гола, а во прв план е нејзиниот труднички стомак.
Така манекенката официјално потврди дека со познатиот француски актер, со кој се омажи во август 2018. година, го чека своето прво дете.
Касел со поранешната сопруга, италијанската актерка Моника Белучи (54), има две ќерки – Дева (14) и Леони (8). Тие се разведоа во 2013. година, а Венсан во 2016. година се вљуби во 31 години помладата Тина.
Тој на својот Instagram профил објави кратко видео од плажата каде се гледа колку ја сака Тина и колку е среќен што по трет пат ќе стане татко.