Во Париз со едноминутно молчење започна ревијата на Chanel од последната колекција на легендарниот Karl Lagerfeld

7 март, 20190
cara

Ретко кога можело да се видат толку многу солзи на модната писта, како што беше случај на ревијата на Chanel во Париз. Модниот свет се собра за да и оддаде почит на модната икона Кarl Lagerfeld, кој неодамна почина.

Grand Palais (Големата Палата) во Париз беше претворена во алпска идила инспирирана од родното место на Lagerfeld, Хамбург. Ревијата започна со емотивна минутна тишина, која беше исполнета со голема почит од сите присутни, пред една од најомилените музи на Lagerfeld да ја отвори ревијата – Cara Delevingne.

 Таа носеше црно-бел капут, класичен Chanel модел, украсен со  бисерен ѓердан, и соодветeн Fedora шешир. Британската манекенка изгледаше фантастично додека чекореше на последната ревија на легендарниот Карл.

– Секој пат кога ќе се обидам да пишувам за тој човек, ми доаѓа да заплачам. Тој го промени мојот живот, веруваше во мене кога многу други не вреруваа. Напиша Делевињ за Лагерфелд.

 – Тој беше визионер, гениј, но повеќе од тоа … драг пријател. Надвор од модата, тој беше еден од најинтересните и грижливи мажи што сум ги запознала … Неговото наследство ќе живее вечно. Ми недостига многу повеќе отколку што некогаш ќе можам да опишам. Би сакала да стигнев да ти кажам колку ми значиш”. Напиша Кара на Инстаграм.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi