Многу од вас ќе се согласат со нас дека шампонот за суво миење е еден од најдобрите изуми на денешницата. Покрај тоа што нѐ спасува во деновите кога едноставно не стигнуваме да ја измиеме косата на класичен начин, сувиот шампон ни помага за да имаме прекрасен волумен, што инаку тешко можеме да го постигнеме на кој било друг начин. За да го добиете посакуваниот волумен, треба да ја напрскате косата од коренот до врвовите, а потоа внимателно да го измасирате производот во скалпот и да ја исчешлате косата. Но, ако сакате да одите чекор подалеку и да постигнете волумен од соништа и посебно бујна коса, треба да испрскате од сувиот шампон на влажна коса!
Да, добро слушнавте!
Кога ќе ја измиете и исушите косата (треба да биде барем 80% сува), испрскајте од сувиот шампон од коренот до врвовите темелно на секој прамен. Потоа, наместо да го масирате скалпот и да ја чешлате косата, само исушете ја и ќе постигнете одличен резултат.