Зошто мандарината е корисна за здравјето и за убавината?

25 јануари, 20190
mandarina (1)

Како и другите агруми, мандарината е богата со витамин Ц, кој го спречува создавањето на брчки, ги неутрализира слободните радикали и го ублажува  фото-оштетувањето на кожата. Но, тоа не е нејзината единствена моќ. Етеричното масло од мандарина, кое се добива со ладно дробење на кората, го спречува формирањето на меланин, темниот пигмент кој е одговорен за појавата на пеги на кожата, па затоа се користи во производите за избелување на дамки.

Ова масло од мандарина, благодарение на регенеративното дејство, помага да се ублажат лузните од акни и стрии. Поради смирувачките особини се користи за да се намали црвенилото на кожата, а благодарение на неговите прочистувачки својства (ги отвара запушените пори) и поради способноста за балансирање на маснотиите, го сака и мрсната кожа. Пред сé, маслото од мандарина ја подобрува циркулацијата и лимфниот проток, и затоа е честа состојка во препаратите за целулит.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *