3 хороскопски знаци на кои ќе им се насмевне љубовта во август

6 август, 20200
хороскоп

Последниот месец од ова лето на некои може да им го промени љубовниот живот. По врелиот и бурен јули, за некои ова ќе биде многу романтичен август.

Лав

Сите жени родени во знакот на Лав кои уште не се во врска овој месец ќе се заинтересираат за два потполно различни типови на мажи. Ќе ви се допаѓа изгледот кај едниот, а шармот кај другиот. Пред вас ќе биде тешка задача да го одберете вистинскиот партнер. По долго колебање ќе го послушате срцето.

Можно е да се појави љубомора заради личност која секојдневно поминува време со вашиот партнер. Најпаметно би било да разговарате со него, а по разјаснувањето на ситуацијата, останатиот дел од месецот ќе помине без грижа на љубовно поле.

Вага

Дали се уште го барате вашиот партнер? Сега е вистинска прилика да го пронајдете. Ако во вашиот живот постои некој кој ви се допаѓа, овој месец ќе имате шанса да направите чекор кон него. Ве очекува вистинска холивудска приказна, каде целиот свет ќе се врти околу вас и вашиот партнер.

Сите Ваги кои се моментално во врска можно е да почувствуваат заситеност од партнерот. Доколку така се чувствувате, замолете го партнерот да бидете некое време раздвоени.

Водолија

Ако сега немате партнер, време е да се обидете да запознаете некој на Интернет. Онлајн познанствата можат да бидат магични и мистериозни. Веројатно ќе повикате некој привлечен странец во својот живот кој ќе ве заинтригира. Од тоа може да се развие сериозна врска.

Ако сте веќе во долга врска овој месец ќе помине мирно. Ќе поминувате многу време заедно, ќе го разбудите односот и зајакнете емоциите. Не заборавајте да си посветите време и на самите себе.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi