Адел е непрепознатлива на новите фотографии, а нејзините обожаватели се воодушевени од нејзината линија
Адел продолжува да го покажува својата неудамнешна витка става на Инстаграм во објавата посветена на својата колешка Бијонсе и нејзиниот последен визуелен албум „Black is King“.
„Ти благодарам кралице што секогаш нè правиш да се чувствуваме сакани преку твојата уметност“, напишала Адел веднаш до фотографијата за која добила повеќе од 3 милиони лајкови за помалку од 12 часа.
„И ти си кралица“, „Изгледаш фантастично“, напишаа нејзините обожаватели, а многумина беа полни со пофалби и за нејзината нова фризура. Бројни обожаватели на 32-годишната пејачка исто така кажуваат како таа изгледа непрепознатливо. Таа во последните 4 години изгуби скоро 50 килограми, а нејзината трансформација веќе некое време е главна тема на социјалните медиуми.
Пред неколку месеци, нејзиниот поранешен личен тренер ја бранеше пишувајќи дека Адел не ослабнала за да ги натера другите да се чувствуваат подобро, туку се подобрила единствено заради себе и семејството.