Америка во ПАРАНОЈА!!! КАКО ЕДНА МАИЧКА ОТКРИ КОЈ СТОИ ЗАД НАСИЛНИТЕ ПРОТЕСТИ ВО САД!!!!

popara9 јуни, 20202min00
amerika

Масовните протести низ Америка во последните две недели, поради убиството на афроамериканецот Џорџ Флојд предизвикаа разни шпекулации, меѓу кои и дека „странските служби“ стојат зад сето тоа.

Првите на списокот на „осомничени“ беа, секако, Русите, а Си-Ен-Ен се обиде да ја зголеми паранојата со постојани извештаи за можна руска вмешаност. Од друга страна, од администрацијата на Доналд Трамп се појавија обвиненија дека Кина користи расни немири во Америка преку социјалните мрежи, со цел да се продлабочат несогласувањата.

Сепак, претходните денови американската администрација го впери прстот кон нова земја, за која се претпоставува дека стои зад сè. Венецуела и нејзиниот претседател Николас Мадуро се обвинети за мешање во внатрешните работи.

„Ние сме свесни за напорите на поединците поврзани со американските противници, вклучувајќи го и нелегитимниот режим на Венецуела на Николас Мадуро, да поттикнат конфликт, да помогнат да се поттикне насилство и да се поделат Американците со искористување на мирни протести“, изјави висок претставник на администрацијата на Трамп за Мајами Хералд.

На прашањето за дополнителни неофицијални информации за поддршка на неговите тврдења, овој висок претставник на администрацијата вели:

 – Не сме во состојба дополнително да разговараме за какви било информации што не се за јавноста.

Набрзо на социјалните мрежи се проширија фотографиите на една личност од протестот облечена во маица со очи на Уго Чавез. Наводно ова било доказ дека венецуелските агенти спроведувале и поттикнувале насилни протести кои ја уништувале Америка.

Опозициските весници во Венецуела на насловните страни објавија слика од лицето од протестите, тврдејќи:

„Чавистите предводат насилни протести во Вашингтон“.

Освен неоснованите тврдења на некои американски официјални претставници и коментарите на социјалните мрежи, не се презентирани докази за вмешаност на Николас Мадуро во немирите што се случуваат во Америка.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag