Без нив нема живот: Штетата којашто им ја нанесуваме на океаните е заканувачка за нашиот опстанок!

popara12 јуни, 20201min00
canyon-swell-reef-sunlight-water-surface-Pacific

Океаните допринесуваат во воздухот кој го дишиме, храната која ја јадеме и енергијата со која го движиме светот. Без нив нема живот.

  • За прашумите во светот се смета дека се “белите дробови” на Планетата Земја, но ситните организми во оканите произведуваат повеќе од половина од светскиот кислород.
  • Ветропарковите на морето и силата на плимата и осеката, имаат огромен потенцијал во обновувањето на енергијата во светот, којшто мора да го намали производството и употребата на фосилни горива.
  • Затоа што завземаат 70% од Земјината површина, океаните имаат витална улога во регулирањето на климата. Тие спречуваат температурата да стане прениска или превисока. Нивната вода создава пареа, којашто на земјата се враќа во форма на дожд. Апсорбирајќи ја топлината, океаните се и тампон зона против глобалното загревање.
  • Околу 15% од глобалната конзумација на протеини, доаѓа од океаните. Поради растот на популацијата и технолошкиот развој на рибарството, денес се јаде двапати повеќе морски плодови, за разлика од 70те години на минатиот век.

Не е предоцна!

Група меѓународни научници објавија дека, океанскиот живот може да се врати на здраво ниво, за отприлика 30 години, доколку се намали притисокот врз океаните, вклучувајќи ги и климатските промени.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma