Д-р Мартин Стерн, кој како дете бил во концентрационите логори, рече дека видеата покажуваат недостаток на разбирање за ситуацијата. „Јас сум апсолутно огорчен“, рече тој за „Метро“, додавајќи дека оваа генерација се одгледува (само) задоволна од своето незнаење и ги навредува сите жртви.
Некои од споменатите млади луѓе кои објавуваат на оваа платформа се облечени во шарени алишта, потсетуваат на облеката што Евреите ја носеле во концентрационите логори и разговараат пред камерата како да се на небото, гледајќи назад како починале во нацистичките логори. „Ако нивните семејства го искусија она што го доживеале моите семејства, тие би знаеле зошто е грозно. Луѓето треба да бидат подобро информирани“, рече д-р Стерн, сега 81 година. Младите луѓе на „Тикток“ кои ги споделија овие снимки тврдеа дека тоа го прават за да ги едуцираат другите за холокаустот или рекоа дека сакаат да ја раскажат приказната за членовите на нивното семејство. Но, др. Стерн, кој редовно зборува за геноциди ширум светот, смета дека нивните причини не се доволно добри. „Дури и денес се случуваат ужаси. Тоа е она против што се борам. Карактеристично е за луѓето што прават големо зло да веруваат дека прават добро. Ова е еден од овие примери“, рече д-р Стерн.