После оваа случка, жената потполно ја изгуби довербата во луѓето
Очајната жена го откри скандалозниот начин на кој дознала дека нејзиниот партнер ја мами.
Жената, која сакаше да остане анонимна , го запознала својот дечко кога имала 25 години и се било совршено, тоа траело девет месеци, кога тој и признал дека шест месеци порано спиел со својата поранешна девојка, пишува Mirror. Таа тоа му го опростила после некое време и следните 8 години биле во среќна врска, но тогаш се се сменило…
Една ноќ, неа и нејзиниот дечко ги разбудило силно тропање на вратата, но откога тие ја игнорирале оваа бука, тропањето престанало, а тие се вратиле во кревет.
Следното утро дечкото и рекол дека знае кој тропал на вратата и дека тоа била неговата поранешна девојка, која сакала тој да и исплати дел од парите за станот кој порано тие заедно го делеле.
Жената се посомневала дека поранешната девојка се вратила после осум години заради тоа и почнала да го испрашува, за на крај тој да и ја каже вистината.
Дури после многу притискање, тој и признал дека цело време скришно се гледал со својата поранешна девојка. И не само тоа, таа дознала дека тој не ја ни прекинал врската со поранешната, пред да започнат тие да се гледаат и дека сите осум години нивната врска била една голема лага.
После ова, веднаш го напуштила.
Но, после неколку месеци стапила во контакт со жената со која ја изневерил и дознала дека нејзиниот партнер водел буквално ист живот со двете, а тие не знаеле една за друга.
Несреќната жена признала дека од тогаш има пострауматски синдром и дека и понатаму не можела да влезе во некоја сериозна врска, заради проблемот со изгубената доверба.