Маж за кој постоело сомнение дека е заразен со коронавирус, одлучил да се обиде да избега од медицински тим кој бил принуден да трча по него во рускиот град Арзамас за да го фати.
Бизарната сцена е снимена во средата, а видеото стана вирално во Русија. На краток клип се прикажани тројца медицински мажи облечени во бели заштитни костуми кои трчаат откако маж се обидувал да избега за да избегне хоспитализација.
Градоначалникот подоцна изјави дека е лице со ментално заболување за кое постои сомневање дека е заразен со коронавирус.
Намерата на медицинските лица била да направат тест за коронавирус, односно да го транспортираат во болница, каде што ќе се изврши постапката.
Сепак, тој не сакаше, па побегна, но на крајот беше фатен. Резултатите од тестот за коронавирус се очекуваат во недела, пренесува Russia Today.
Од почетокот на пандемијата, во Русија се заразени 8.672 лица, а починаа 63 лица.