Бизарната серија која ја воодушеви публиката, ќе добие второ продолжение : ‘Ќе ја кажам вистината за Џо Егзотик’

10 јуни, 20200
Бизарната серија која ја воодушеви публиката, ќе добие второ продолжение : ‘Ќе ја кажам вистината за Џо Егзотик’

Додека Џо Егзотик издржува казна затвор за обидот за убиство на Баскин, кој во меѓувреме дојде до сопственост на неговата зоолошка градина, уште еден негов голем ривал, Џеф Лоу, има големи планови.

Во исклучително бизарната и екстремно популарна документарна серија на Нетфликс „Крал на Тигрите: Убиство, осакатување и лудило“, доста се збореше во последните месеци од општата изолација, а публиката ширум светот не го криеше својот шок од она што го виде. Актуелната документарна серија следи по судирот меѓу приватни сопственици на зоолошка градина и егзотични животни во САД, и здружението за заштита на животните, преведено од одредена Карол Баскин. Иако беше осуден за обид за убиство, главниот протагонист на серијата, Џо Егзотик (57), ги разбуди симпатиите на многумина заради неговиот карактеристичен став и изглед.

Џо неодамна се огласи со писмо од затвор, веројатно самиот изненаден од популарноста на документарната сериија. Тој напишал дека изгубил тежина, дека не се чувствува добро, дека му недостасуваат сопругот и животните, а во драматична порака објавил и дека мисли дека ќе умре.

И додека Егзотик издржува затворска казна за обидот за убиство на Баскин, која во меѓувреме се најде во сопственост на неговиот зоо парк, неговиот некогаш голем ривал, Џеф Лоу, има големи планови. Иако тој самиот честопати имал проблеми со законот, Лоу и неговата сопруга по успехот во серијата изгледа дека уживаат во нивната неколкумесечна слава, па затоа најавија дека нивното реално шоу ќе започне наскоро, а Џеф добро знае како да привлече потенцијална публика.

– Ќе ја објасниме нашата страна од приказната со доказите за сè. Прекрасните животни од зоолошката градина Џо Егзотик ќе ги однсеме во нови живеалишта. Новата емисија ќе ги открие се во врска со мојот однос со Џо. Ќе покажам и како е навистина животот на некој што поседува голема зоолошка градина и се грижи за животните, а во меѓувреме тој мора да се бори со некои здруженија за заштита на животните – најави Џеф.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi