ВАТИКАН ТВРДИ : НЕМАМЕ “ОБАВЕШТАЈНА” СЛУЖБА, но новинарка ТВРДИ: ПОСИЛНА И ОД МОСАД!

10 јуни, 20200
vatican-city-1233913_1280

Папската разузнавачка служба има огромно искуство, традиција на собирање и анализирање на информации, како и спроведување тајни, специјални операции. Според зборовите на најпознатиот нацистички ловец Симон Визентал, разузнавачката служба на Ватикан е поефикасна од израелскиот Мосад. Во моментот има 200 агенти во својот состав, а тие беа одлично обучени од поранешниот офицер на тајните служби на Италија (Sisde), Доминико Џани. Кардиналите, монсињори, свештениците и доверливите црковни соработници се вклучени во службата.

Нивната работа е тајно координирана според језуитскиот ред, а е основана од Игнатиј Лојола во 15 век и вклучува религиозен и воен дел.

Информативен центар

Во литературата има различни имиња, а некои истражувачи ја нарекуваат „Sodalitium pianum“, како што беше наречено кога беше основано во 1566 година од страна на големиот инквизитор Пиј V. Оваа разузнавачка служба официјално престана да работи во 1922 година за време на владеењето на папата Бенедикт Шеснаесетти, додека Барбара Чиоли списанието „Letera 43“, изјавува дека истата е сеуште активна.

Разузнавачката служба ја опслужува целата хиерархија на римокатоличката црква, со помош на повеќе од 500 дипломатски мисии, мноштво епископи, монсињори и монашки редови. Сите овие информации се испраќаат во канцеларијата на Светата конгрегација, каде огромен број на аналитичари ги проучуват и класифицират. Томас Морган, автор на книга за Ватикан, „Ден и ноќ, информации пристигнуваат во Светиот Престол, вести од најдалечното достигнување на планетата“ напиша:

„По завршувањето на Втората светска војна, разузнавачката служба на Ватикан беше реорганизирана со цел да се бори против комунизмот. Тајната служба на Ватикан беше многу активна во Јужна Америка и православните земји, особено во Русија, Украина и српските земји, за време на папата Јован Павле Втори“.

Таканаречените хуманитарци

Важен центар на ватиканската разузнавачка служба се резиденциите на папските нунции (амбасадори), практикантите и апостолските легати. Наводно, во октомври 1939 година, еден месец по почетокот на Втората светска војна, Ватикан во Државниот секретаријат го организирал т.н. Биро за информации. Тоа го водеше епископот кој служеше во царска Русија, Евгениј Јевренов, еден од најстарите шпиони во Ватикан, според Барбара Чиоли. Потоа Бирото било организирано во филијали низ светот и стотици агенти беа испратени да работат во нив. Изговорите беа секогаш од хуманитарна природа, се грижеа за затворениците и бегалците, помагајќи им на гладните и слично.

За време на владеењето на папата Војтил, началник на разузнавачката служба на Ватикан беше кардиналот од Пиаченца, Луиџи Поџи, кој почина во 2010 година на 93-годишна возраст. Не е случајно што како млад свештеник беше назначен за чувар на тајните архиви на Ватикан. Папата го ангажираше да ги подобри односите меѓу Ватикан и земјите-членки Варшавскиот пакт.

Финансиски криминал

Ватикан не е имун ниту на финансиски скандали. Канцеларијата за медиуми во Ватикан објави дека донесена е пресуда за прв пат во 2017 година заради перење пари во Ватикан. Во 2016 година, италијанската полиција нареди куќен притвор за претприемачот Карло Пројети како дел од истрагата за наводниот банкрот на неговата градежна компанија, која имала договори со различни ватикански компании.

Пројети чувал десетици милиони евра во ватиканската банка и тие биле замрзнати кога започна истрагата. Светата столица се обидува да ја зголеми финансиската транспарентност откако Ватиканската банка со децении беше мета на критики за прикривање и перење пари на италијанските мафијаши и избегнување на плаќање данок.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi