Светскиот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон од Мерцедес доминантно триумфираше во трката за Гран при на Шпанија, која беше возена на патеката во Каталонија.
Тој водеше во текот на сите 66 круга во Монтмел, а на крајот славеше со предност од 20 секунди во однос на второпласираниот.
Тоа е 88-та победа во кариерата за Британецот и четврта на шест трки кои се водеа оваа сезона, а само уште три победи го двојат од рекордот на Михаел Шумахер. Хамилтон го надмина легендарниот Германец денес по бројот на настапи на победничкиот подиум.
Себастијан Фетел беше седми во Ферари, додека неговиот партнер Чарлс Леклер се повлече на почетокот на трката поради откажување на моторот.
Второто место го освои Макс Ферстапен од Ред Бул, кој славеше на Силверстон, а третото беше за клупскиот колега на Хамилтон, Валтери Ботас. Возачите на Расинг Поинт Ленс Строл и Серхио Перез завршија на четвртото и петтото место.
Со новата победа, Британецот ја зголеми својата предност во генералниот пласман на 132 поени и веќе има 37 бода повеќе од второпласираниот Ферстапен (95), додека Ботас е трет со 89 бода.
Сезоната од Формула 1 продолжува на 28 август со трката за ГН на Белгија на патеката Спа.