Богатите технолошки лидери и други милијардери би можеле да бидат присилени да предадат дел од богатството стекнато за време на пандемијата на коронавирус, доколку се донесе предлог законот на сенаторите Берни Сандерс, Ед Марки и Кирстен Гилибранд.
Тие предложија воведување на еднократен данок од 60 проценти на добивката што ја остварија милијардерите, односно што тек ќе остварат помеѓу 18 март 2020 година и 1 јануари 2021 година.
Средствата ќе бидат искористени за плаќање на здравствено осигурување за сите Американци за една година. Со законот ќе се оданочи богатство од 731 милијарди долари што го акумулирале 467 милијардери од 18 март.
Предлогот е да се оданочуваат милијардерите на богатството собрано до крајот на годината.
Тој на порталот CNB објави колку може да платат некои за зголемување на богатството помеѓу 18 март и 5 август, доколку се донесе законот:
– Директорот на „Амазон“, Џеф Безос, би платил еднократен данок на богатство во висина од 42,8 милијарди долари.
Директорот на „Тесла“ и “Спејсбук X“, Елон Муск би платил еднократен данок на богатство од 27,5 милијарди долари.
Директорот на „Фејсбук“ Марк Закерберг би платил еднократен данок на богатство од 22,8 милијарди долари.
Семејството Волтон (сопственици на Волмарт) ќе плати еднократен данок на богатство од 12,9 милијарди американски долари.
Тие бројки исто така може да се зголемат затоа што влијанието на пандемијата врз богатството на милијардерите се менува во текот на годината.