Дали би ја поминале ноќта во ХОТЕЛ кој лебди на крошните од дрвата? (СЛИКА+ВИДЕО)

31 август, 2020
после

На далеку северот на Шведска, во градот Харадс, постои веројатно еден од најнеобичните хотели во светот.

Имено, тој се состои од неколку специјални куќи, кои се наоѓаат во шумата, на врвот на крошните на дрвјата.
Постојат неколку такви пансиони, во форма на НЛО, транспарентна огледало-коцка, гнездо на птица…


Специфична туристичка атракција постои од 2010 година, а парот Линдвал дошол до идеја, сакајќи нивните посетители да заборават на временските ограничувања во секојдневниот живот и да уживаат во спокојството.


Комплетно функционалните простории во шатори се модерно опремени, а погледот од секоја од нив се протега до прекрасната, недопрена природа.


Просториите се издигаат на 4-10 метри над земјата, а секоја куќа за гости има мост или скриени електрични скали, што водат до нејзината внатрешност.


Главната цел на овој вид хотел, според дизајнерите, е хармонија со природата.

Погледнете како изгледа турнејата низ овие необични соби во шумата:

escort - Korsan taksi