Дали е во ред да имате секс секој ден? Еве што велат експертите

19 август, 20200
seks

Ако сакате да имате сексуални односи секој ден, веројатно се прашувате дали станува збор за нормална појава, а екпертите ќе ви одговорат на неколку важни прашања.

Дали е во ред да имате секс секој ден?

Гледано од аспект на физичкото и психичкото здравје – да. Многу сексолози се согласуваат дека доволниот број физички контакти, а сексот е еден од нив, може да биде најдобрата алатка за личен раст.

Кој е најдобриот вид секс?

Под терминот „вистински секс“ се подразбира секаков вид задоволство што не предизвикува физичка непријатност. Ако сексот што го практикувате секој ден ви претставува задоволство на сите полиња, нема причина да се откажете од него.

Дали секојдневниот секс создава одредени проблеми?

Ако во текот на денот имате време за сите други обврски, тоа значи дека времето што го одвојувате за секс не ви пречи. Ако сексот не ве исцрпува физички, ниту ментално и ако сте расположени и посреќни, продолжете со тоа.

Дали е нормално да имате секс секој ден?

Секоја врска е различна. А, фактот што сексолозите се запознаени со оваа тема, значи дека тоа не е толку редок случај како што можеби мислите. Ако двајцата партнери се заинтересирани за таква активност, тогаш тоа е сосема нормално. Од секс секој ден, до секс еднаш месечно. Сето тоа е „нормално“ кога станува збор за интимноста.

Дали се потребни некои мерки на претпазливост за секојдневен секс?

Ако не користите друга заштита, кондомите се дефинитивно нешто што треба да ви биде на дофат на раката, освен ако не планирате да забремените. Исто така, секојдневниот секс може да биде премногу интензивен за вашиот интимен регион, па затоа е најдобро да користите лубриканти.

Кога треба да избегнувате секојдневен секс?

Потребно е да направите пауза за време на менструален циклус. Исто така, ако имате иритација во областа на интимните делови, треба да се воздржите од таа активност. Ризичната бременост е исто така еден од случаите кога не треба да се имате интензивни сексуални активности. Освен тоа, секогаш кога телото и умот не се подготвени за ваков вид активност, треба да го избегнувате сексот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *