Додека светот купува брашно, маски и средства за дезинфекција, Данците купуваат секс играчки ?

popara8 април, 20201min00
Danska

Продажбата на секс играчки во Данска е двојно поголема бидејќи Данците седат дома заради короната вирусот. ?

„Ме радува што правиме нешто добро во овој тежок период, кога луѓето се чувствуваат ранливи“, рече Матилда Маковски, ко-сопственик на Синфул, најголемата продавница на секси играчки во Данска.

Во првата недела од април продажбата во Синфул се зголеми за 110 проценти во Данска, пренесува „Ерусалим Пост“.

Erotic.dk, најголемиот сајт за продажба на секс играчки, вели дека посетата е тројно поголема за време на домашната изолација од истиот период минатата година.

Особено, побарувачката за секс игри и играчки за парови е зголемена. Од  Erotic.dk велат дека продажбата на 10-дневниот предизвик за парови е повеќе од четирикратно зголемена од средината на март во споредба со истиот период пред затворањето.

„Мислам дека е природно кога поминуваме повеќе време заедно, да сакаме повеќе да се забавуваме. Подобро да се грижиме едни за други во ова тешко време, а тоа влијае и на нашиот сексуален живот“, рече Маковски.

Околу 1.500 пакети се испорачуваат секој ден на клиенти во Данска, Норвешка, Шведска и Финска. Во регионот, продажбата се зголеми двојно во првата недела од април во однос на истиот период лани.

Данците се познати по опуштениот став и прогресивните закони, како што е легализацијата на порнографијата во 1969 година, долго пред повеќето Европејци.

Според Синфул, главниот скок во продажбата е во последните седум дена, бидејќи изолацијата во Данска започна на 11 март.

„Веројатно затоа што сите малку испаничивме и истрчавме повеќе да купиме тоалетна хартија и паста за заби и слични работи“, рече Маковски. ?

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag