Овој еликсир ќе му помогне на телото побрзо да согорува маснотии и да го забрза метаболизмот. Потребно е да се пие една чаша, секоја вечер пред спиење, за резултатите да бидат видливи.
Со редуцирана исхрана и овој пијалок, многу брзо ќе се ослободите од насобраните килограми, вели д-р Мендела, која го дизајнираше овој рецепт. Покрај тоа, ќе ви помогне да заспиете побрзо, а познато е дека доволна количина на спиење е многу важна за метаболичките процеси, па дури и за слабеење.
За да се подготви ќе ви требаат:
- Лажица чај од камилица
- Сок од половина лимон
- Лажичка јаболков оцет
- Половина лажичка мелен цимет
Подготовка:
Направете чај од камилица и додадете ги останатите состојки. Покријте го садот во е сварен чајот и почекајте 10 до 15 минути, по што можете да го консумирате овој пијалок.
Зошто овој пијалок е добар за слабеење?
Камилицата е добро познат природен седатив. Јаболковиот оцет има бројни докажани корисни ефекти врз телото, а едно од нив е брзото разложување на маснотиите во телото. Циметот е уште една моќна состојка во оваа комбинација и многу често се користи за слабеење заради поволниот состав.