Жените ширум светот, поради карантинот, не се во можност да посетуваат фризерски или козметички салони, па затоа се принудени сами да ја шишаат и фарбаат косата, но и да ги лакираат ноктите. Некои од резултатите што ги споделија на социјалните мрежи се многу смешни.
Една девојка на Твитер сподели фотографија од многу неуреден маникир и откри дека таа самата ги уредува ноктите.
„Домашен маникир“, напиша таа.
„Четврти ден во карантин, се опив минатата ноќ и ги средив ноктите. Се разбудив со најдолгите нокти досега“, сподели друга девојка.
„Поради карантинот поминав пет часа лакирајќи ги своите нокти. Слободно смејте се“, напиша трета.
Некои жени избрале сами во карантин да си ја шишаат косата или да ги скратат шишките.
И познатите личности се во карантин кој го користат за експериментирање со косата. Дуа Липа се пофали со шишки.
Пинк се опила во карантин и сама се шишала, како што објасни во видеото.
Изгледа дека фризерите и козметичарите ќе имаат премногу работа по завршувањето на карантинот.