Холивудската актерка Алиса Милано (47) во видео на социјалните мрежи покажа какви се последиците има откако по скоро четири месеци се излечи од корона вирусот.
Имено, актерката која стана позната по улогата на Фиби во популарната тинејџерска серија „Charmed“, во неделата објави видео во кое ја чешла косата, а потоа покажа какви последици има таа откако се излечи од вирусот.
Почна да се чешла со четка без коса на неа, а откога ја помина низ влажната коса неколку пати, сними колку влакна и паднале по само едно чешлање, па рече:
– Дозволете ми да ви покажам што прави Ковид-19 на вашата коса. Ве молам, сериозно сфатете го вирусот и ставете маска – напиша популарната актерка под видеото, во кое грст коса и падна од главата.
Овој краток видео клип е виден повеќе од 870.000 пати и има скоро 100.000 лајкови.
Да ве потсетиме, актерката на крајот на минатата недела објави дека е заразена со корона вирусот и дека се бори со таа болест скоро четири месеци.
– Мислев дека умирам. Никогаш не сум била толку болна. Имав чувство дека слон ми седи на градите – објасни актерката под фотографијата на која е прикачена на респиратор.