Драма на траектот во Индонезија: Неколку патници скокнале во море од страв дека членовите на екипажот се заразени со Корона!

popara9 април, 20201min00
drama vo indonezija

Неколку патници на траектот скокнале преку бродот и пловеле кон брегот откако властите се обиделе да го блокираат закотвувањето на бродот под сомнение дека неколку членови на екипажот биле заразени со коронавирус.

Траектот останал блокиран додека се обидувал да го премине пристаништето Маумере на островот Флорес поради стравувањата дека тројца членови на екипажот заразиле патници со корона, пренесува Reuters. Сепак, неколку патници скокнале од бродот и пловеле накај брегот, не сакајќи да бидат изложени на заразата или да се останат во карантин на бродот.

„Бараме патниците да соработуваат во согласност со здравствените протоколи пред да го напуштат бродот и да се воздржат од какво било дејство што може да биде штетно“, рече Висну Хандоко, службеник во Министерството за транспорт, непосредно пред неколку патници да прескокнат.

Траектот превезуваше 255 патници, претежно работници кои се враќале дома од Малезија, откако соседната земја ги затвори своите граници поради коронавирусот. Сепак, на траектот на крајот му било дозволено да пристапи кон пристаништето, а патниците биле ставени во карантин на копно.

Патем, Индонезија досега има регистрирано 2.956 заболени случаи на вирусот, од кои 240 смртни случаи, при што најголем број се потврдени во главниот град Џакарти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag