Еден болничар го опиша она што го доживуваат луѓето на респиратори: „Не бев подготвен за тоа“

popara7 април, 20201min00
bolnicar kazuva za koronata

Болничар од Америка кој работи на одделение за интензивна нега, на Фејсбук сподели објава во која открива низ што се поминуваат пациентите заради коронавирусот кои се ставени на  респираторни машини, за да ги предупреди луѓето кои не го сфаќаат сериозно овој смртоносен вирус.

Неговата објава доби скоро 30.000 лајкови и ја споделија повеќе од 59.000 луѓе.

„Си ветив на себеси дека никогаш нема да напишам ваков натпис, но не можам да молчам. Многу е вознемирувачки фактот кога гледам колку луѓе сè уште не го сфаќаат ова сериозно, па сакам да ви кажам колку е реално“, кажа Џејк.

Тој продолжи да опишува како, како болничар во единицата за интензивна нега, тој ментално се подготвува да работи напорно и да носи тони заштитна опрема, но не бил подготвен за емотивните последици што ќе ги доживее во грижата за најранливите пациенти.

„Заштитната опрема што ја гледате на оваа слика е само мал дел од она што го гледаат пациентите со Ковид 19 секој ден, секогаш кога некој ќе влезе во нивната соба. Тие поминуваат часови и часови сами во просторијата. Овие пациенти немаат никаков контакт со човек од моментот кога ќе влезат во болница додека не се прогласат за здрави, или до нивниот последен здив. ☹ Моето срце се крши секој пат кога ќе му пријдам на пациент и ќе го видам стравот во неговите очи. Помислете на ова секојпат кога ќе ви се смачи од седење дома и од само видео комуникација со вашите блиски“, напиша тој.

Стравот и осаменоста, истакна тој, не е најлошото нешто што го доживуваат овие луѓе.

„Доаѓа време кога нивните бели дробови веќе не можат сами да функционираат, па морам да им ја кажам лошата вест дека треба да ги ставиме на респиратор. Тие треба сами да се справат со оваа вест. Единствениот извор на поддршка и удобност за нив е јас, доктор или другиот дел од медицинскиот персонал. Една од најтешките работи што требаше да ја направам во мојата кариера беше кога морав да му соопштам, на возрасен човек веќе облеан во солзи дека доаѓа моментот од кој најмногу се плашел, му реков да ми ја држи раката и да си замисли дека на мое место е едно од неговите деца. Размислете за ова следниот пат кога сакате да поканите некој на гости затоа што сте осамени“, пишува Џејк.

Тој додаде дека од таа судбина се погодени не само пациентите и нивните најблиски, кои се во постојан страв и грижа за нив, туку и лекарите кои сакаат да помогнат, но понекогаш не можат.

„Размислете за тоа следниот пат кога ќе кажете дека се ова е политичко разочарување игнорирајќи ги предупредувањата. Моите колеги и јас сме исцрпени, трауматизирани и исплашени, но ќе ја издржиме оваа криза. Ќе се бориме за нашите пациенти секој ден, без оглед на околностите, но ве молам, не ни го отежнувате ова со излегување и собирање со луѓе ако тоа не е потребно. Останете дома, охрабрете ги вашите најблиски да останат дома, да бидат одговорни и молете се за оние што се борат со пандемијата“, заврши тој.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag