Единствена доза на луксуз: Првиот ЗЛАТЕН хотел во светот е отворен во Виетнам (ВИДЕО)

9 јули, 20200
hotel

Во градот Ханој, не се откажуваат од промовирање на туризмот, дури и во сегашната состојба

Иако во моментов има пандемија на коронавирус низ целиот свет, а туризмот и сите туристички посети претежно се одложуваат до понатамошно известување, Виетнам им пркоси на овие препораки.Имено, првиот златен хотел на светот е отворен во главниот град на Виетнам, Ханој!

zlatni hotel

За изградба на овој уникатен хотел е искористен цел тон злато.

Овој хотел со пет везди им нуди на гостите позлатени кади, мијалници, па дури и тоалети.

Хотелот Dolce Hanoi Golden Lake направи дополнителни напори да ги врати посетителите во Виетнам, каде туристичкиот сектор полека се отвора, по тримесечното исклучување поради пандемија на коронавирус. Хотелот, е сопственост на „Hoa Binh Group“, е во спротивност со околните згради од времето на Советскиот Сојуз.„Во моментов, во светот нема друг хотел како овој“, рече Нгуен Хуу Дунг, сопственик и претседател на  „Hoa Binh Group“.

Хотелот нуди и инфинити 24-картен базен на кровот со златни плочки, додека собите имаат позлатени бањи. За 250 долари за вечер, хотелот е во истиот ценовен опсег како луксузното сместување во градот, пишува Ројтерс.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi