Една држава има само 4 респиратори на 10 милиони жители, а Британија набави нови 18.000 од овие уреди

popara20 април, 20201min00
respiratori

Додека светот се бори против пандемијата на корона вирусот, во некои земји има трка за респиратори, медицински апарати кои се потенцијално спасоносни за пациенти заболени од Ковид-19 кои веќе не можат сами да дишат. Од друга страна, во очи паѓа фактот дека некои сиромашни земји имаат многу малку респиратори.

Така, на пример, Јужен Судан, со население од околу 10 милиони, има само четири респиратори и 24 кревети на оделението за интензивна нега, Буркина Фасо има 11 респиратори, Сиера Леоне 13, а Централноафричка Република 3, според податоците на невладина организација, Меѓународен комитет за спасување.

За споредба, Велика Британија сака да купи 18.000 респиратори, а Италија веќе испрати над 2.700 во своите региони погодени од вирусот, додека Франција планира да произведе уште 10.000 вакви уреди.

Во исто време, се проценува дека американските болници можеби ќе имаат потреба од уште половина милион респиратори за време на пандемијата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag