Нов случај на коронавирус во Кина целосно ги збуни научниците. Тие дојдоа до ново откритие во стан во градот Гуангжу во Кина, како дел од експериментот, што го спроведоа во зградата за да го следат движењето на вирусот и да утврдат дали може да се шири низ цевки.
Имаше заразено луѓе во зградата во која е спроведен експериментот, а во тоалетите во околните станови на заразените се пронајдени траги од коронавирус.
Сепак, иако станот беше напуштен со месеци, научниците пронајдоа траги од корона во мијалникот, чешмата, туш кабината и тоалетот. Оваа бања се наоѓа веднаш над станот на луѓе кои пријавиле дека се заразени седум дена пред овој експеримент.
Врз основа на тоа, научниците заклучија дека вирусот може да се пренесе преку цевки, а истиот е утврден и за време на претходната епидемија на САРС.
Она што е особено интересно и што зборува за тоа колку брзо се шири овој вирус е фактот дека траги од вирусот може да се најдат и во станови кои се на 12 ката од заразениот стан.
Експертите тоа го објаснуваат вака – заразениот веројатно го испуштил вирусот во системот на цевки преку столицата, а потоа се проширил низ целата зграда.
Инаку, покрај пренесувањето капки од вирусот, докажано е дека короната се шири преку столицата, но и низ воздухот.