Болеста Кавасаки, чија причина е непозната, ги погодува децата помали од пет години и предизвикува висока температура, осип, отечени лимфни јазли, а во тешки случаи и воспаление на срцевата артерија, a била откриена кај деца болни од коронавирус во Италија, Велика Британија, Шпанија и Португалија.
Италијанските и британските специјалисти ја истражуваат можната врска помеѓу пандемијата од коронавирус и тешките болести кај децата кои доаѓаат во болница со висока температура и оштетени артерии.
Лекарите од северниот дел на Италија, едно од најголемите светски жаришта на Ковид-19, пријавиле невообичаено голем број на деца помлади од девет години со тешки форми на Кавасаки, многу почесто од Азија.
Истото се случува и во Велика Британија, па британскиот министер за здравство јавно изјавил дека е многу загрижен.
Минатиот месец во болницата во Бергамо имало 20 деца со тешки васкуларни воспаленија, шест пати повеќе отколку во цела година. Само неколку од нив биле позитивни на коронавирус. Договорено е секој таков случај да се документира за да се утврди дали има поврзаност со коронавирусот.