Еруптираше индонезискиот вулкан Анак Кракатау

popara12 април, 20201min00
vulkan

Вулканот Анак Кракатау во Индонезија еруптираше во петокот во текот на ноќта према сабота, при што чадот се искачи на 500 метри во висина, соопшти индонезиската агенција за вулкани.

Поради опасност од ерупција на вулканот кој се наоѓа помеѓу Јава и Суматра, степенот на предупредување останува на третата највисока стапка, соопшти Индонезискиот центар за вулканологија и геолошки опасности.

Во ерупцијата во декември 2018 година, Анак Кракатау предизвика цунами во кое загинаа 430 лица, а илјадници беа повредени.

Островот Анак Кракатау е создаден по ерупцијата на вулканот Кракатау во август 1883 година.

Ерупцијата била толку интензивна што островот потонал во морето и загинале повеќе од 35.000 граѓани.

Морето помеѓу Суматра и Јава, како и остатокот од Индонезија, се наоѓа на Тихиокеанскиот огнен прстен, геолошки најактивната област на Земјата со чести вулкански ерупции и земјотреси.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag