Еве како ќе изгледа ЕЛИТНИОТ ТУРИЗАМ БЕЗ КОРОНА!! Само една работа ќе Ви биде неопходна…

30 ноември, 20200
Annotation 2020-08-03 192709

Неверојатна атмосфера на отворено море

Големите крстарења со брод излегоа од мода.

Сега можете да изнајмите лебдечки хотел за најмногу 12 лица, со сите можни удобности што можете да ги замислите!

Имено, француската компанија Anthenea го дизајнираше и создаде првиот лебдечки хотел кој се напојува со соларна енергија и кој обезбедува специфично искуство.

Инспирација

Anthenea  е еко-хотел кој нуди неверојатен поглед на океанот и стаклено дно, каде посетителите можат да го набудуваат прекрасниот свет на рибите. Според компанијата, идејата првично потекнува од филмот во 1977 година за агентот 007, „Шпионот кој ме сакаше“. Зад проектот стоела силна желба да се создаде нешто уникатно и футуристичко.

Првиот Anthenea хотел е откриен во пристаништето Трбеберден на розовиот гранитен брег на Бретања во Франција. На самиот врв на хотелот има салон што може да се искористи за сончање, гала вечери и ручеци, а целиот хотел може да смести дванаесет лица, пишува Travel Magazine.

Компанијата соопшти дека веќе примила голем број на барања. Постојат планови да се направат првите испораки на „капсули“ во пролетта 2021 година, што значи дека повеќе вакви ќе се појават на различни локации низ целиот свет.

Капсулата од 540 метри квадратни е дизајнирана да работи на соларна енергија, со пет автоматски ротирачки соларни панели. Исто така, вклучува дополнителен голем кревет во главната спална соба, морска вода и панорамска кујна.

„Бидејќи Антенеа е сертифицирана како еко-хотел, тоа ви дава можност да пловите по морето во режим на бавно откривање и да го спуштите сидрото каде што сакате. Не се потребни посебни вештини или лиценци за навигација “, се вели во соопштението на компанијата.

Преноќувањето во овој уникатен хотел е од 290 евра за две лица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi