Европската земја во која се случи најголемата кражба се обидува да ги замени банкнотите!

popara12 април, 20203min00
gorebork

Шведска стана земја со најмалку пари во светот со само еден процент од своите плаќања во монети и банкноти. Додека некои од граѓаните прифатија да вметнат микро чип под нивната кожа како средство за плаќање, други стравуваат дека земјата би можела да стане рај за хакерите…

Швеѓаните никогаш нема да ја заборават кражбата во која пред 11 години, група вооружени крадци со калашников, во Стокхолм украле околу 20 милиони евра за помалку од половина час. Криминалците со хеликоптер се спуштиле на покривот на една од најпознатите светски безбедносни компании, ГС4 во Вестберг и го испразнија сефот. Овој настан ги охрабри граѓаните, особено трговците, да го променат ставот за готовината и да се префрлат на виртуелни пари, односно плаќања преку интернет и со картички.

До 2017 година Шведска стана земја со најмалку готовина во светот со само еден процент од плаќањата направени со монети и банкноти, а глетката како продавниците предупредуваат дека не примаат пари станаа вообичаена. Според БиБиСи, помалку од 20 проценти од трансакциите биле направени во хартиена форма пред три години низ целата земја.

„Интернетот, паметните телефони и другите информатички технологии (ИТ) го сменија начинот на кој работиме, комуницираме и купуваме“, се вели во тековниот извештај на Риксбанк, централната банка на Шведска.

Мобилните апликации, како што е Свис, масовно се користат за купување овошје, зеленчук, карти за во кино и во многу други прилики.

Оваа дигитализација што во Шведска зема замав укажува и на фактот дека за пет години може да се случи половина од вкупниот број на трговци да одбиваат плаќања во готово. Дали навистина ова ќе се случи, ќе видиме наскоро.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag