Дали сте слушнале за диетата од 16-8, што значи да ја земате целата неопходна храна дневно во рок од 8 часа, проследено со постот 16 часа кога не се козсумира ништо друго освен вода?
Оваа диета стана се повеќе популарна во последно време, и ако се прашувавте дали има ефект, Ешли нè увери дека оваа диета е многу ефикасна. Нејзината трансформација е неверојатна. Таа забележа драстична разлика за 2 недели, а како што овој режим даде резултати, таа одлучи да продолжи да се храни со овој принцип и во иднина. Според неа, таа секогаш имала проблем со тежината. “Пробав секоја можна диета, но дури и кога постигнував резултати, тежината се враќаше многу брзо. Слушнав за овој режим и ме заинтересира, но без многу надеж почнав да јадам на тој начин. Не можев ни да сонувам дека губењето на тежината се случува толку брзо. Најдобро од сè, немаше јо-јо ефект и ништо не се врати “.
Покрај губење на тежината, Ешли забележала и подобрена состојба на кожата, а таа вели дека се чувствува многу полесна и поенергична. “Бидејќи јадам според овој принцип, јас имам повеќе енергија и не ми е тешко да правам ништо. Порано се чувствував поспано и уморно, а сега тоа не е случај”, вели таа.
Еве како се спроведува оваа диета?
Концептот е едноставен – секој ден се состои од 24 часа, а ви е дозволено да јадете 8 часа, и мора да гладувате 16 часа. Можеби ви изгледа шокантно да прифатите 16 часа без јадење, но Ешли вели дека не е толку тешко како што звучи. „Јас сум навикната на овој распоред. Јадам од 8 до 17 часот или од 10 до 18 часот, што значи дека сум без храна само попладне и навечер и додека спијам“. Во период од осум часа, кога е дозволена храна, се советуваат лесни и здрави оброци, со повремено уживање во омилени десерти, без прекумерни жртви. Некои ги игнорираат овие совети и јадат што сакаат во осум часот, но сепак постигнуваат одредени резултати. Ешли сепак вели дека била умерена со слатки, но дека се случува да се опушти и да ужива во 2 парчиња торта кога навистина сака.